10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFord подготвува чистка: Отказ за секој десетти

Ford подготвува чистка: Отказ за секој десетти

Американскиот авто гигант „Ford“ се подготвува да угаси илјадници работни места, а се очекува дека бројот ќе го намали за околу 10 проценти, известува Волстрит Журнал.

Друг извор пак, потврди за агенцијата АФП дека во наредните денови се планира „голема сеча“ на работните места во „Ford“, која ќе погоди дури 2.000 работници.

Вториот најголем производител на автомоили во Америка во моментов вработува околу 202.000 лица ширум светот.

Оваа најава доаѓа во време додека компанијата се бори со забавувањето на продажбата по неколку години раст.

Во април оваа година, „Ford“ продаде 214.695 возила, или за околу 7,2 проценти помалку отколку во истиот месец во 2016 година.

Портпаролот на „Ford“ Мајк Морган изјави дека непосредните цели на компанијата се да „ги поддржи столбовите на профитот во основната дејност, да ги трансформира традиционално слабите области во своето основно работење и агресивно, но паметно да инвестира во нови можности“.

Во таа смисла, „Ford“ ќе инвестира напори за „намалување на трошоците со цел да стане што повитален и поефикасен“, изјави Морган, кој не ги коментираше натписите во весниците за значителното намалување на бројот на вработени, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП