12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионерите живеат во Токио а милијардерите во Њујорк

Милионерите живеат во Токио а милијардерите во Њујорк

Shibuya Crossing, Tokyo, Japan.

Најмногу милионери живеат во Токио, а милијардери во Њујорк, покажаа податоците на британската компанија Велтинсајт, која го претстави рејтингот на градовите во светот според бројот на доларските милионери и милијардери.

Во Токио живеат 461 илјади милионери, во Њујорк, кој е на второ место живеат 389 илјади, а на трето место е Лондон со 281 илјада милионери, а Москва со 101 илјада милионери ја затвора листата од првите 20, пишува рускиот весник „Комерсант“.

Лондон, како место за живеење го преферираат мултимилионери (со повеќе од 30 милиони долари), каде има 4.224 такви лица, на второ место е Токио со 3.525, на трето Сингапур со 3.154, додека Њујорк со 2.929 мултимилионери е на четврто место. Оваа листа ја затвора Рим, каде според податоците на Велтинсајт живеат 945 мултимилионери.

Њујорк е на прво место според бројот на милијареди (70), а на второ место со 64 е Москва.

Според прогнозите на Велтинсајт, до 2020 година САД ќе бидат на прво место во светот според бројот на милионери, кои таму живеат. На второ место ќе биде Кина, а на трето Јапонија. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП