5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК го зголеми производството во април

ОПЕК го зголеми производството во април

Членките на ОПЕК во април произвеле 31,78 милиони барели нафта дневно, што е за 65.000 барели повеќе отколку во март, се наведува во новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија.

Раст е забележан поради зголемувањето на испораките од Нигерија и Саудиска Арабија, што е делумно избалансирано со намалувањето на производството на нафта во Либија и Иран, се наведува во извештајот, пренесува ТАСС.

Тоа значи дека во првата половина од годината се исполнети 96 проценти од договорот на ОПЕК со производителите надвор од оваа организација за намалување на производствтото на нафта.

Земјите кои произведуваат нафта се обидуваат со намалените испораки да постигнат стабилна цена на „црното злато“ на светските пазари и да го избалансираат производсвото и побарувачката на просечна вредност во последните пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП