5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman: Станбените пазари во Шведска и Нов Зеланд се во најголем ризик...

Goldman: Станбените пазари во Шведска и Нов Зеланд се во најголем ризик од колапс

Станбените пазари во Шведска и Нов Зеланд се во најголем ризик од корекција меѓу економиите од „Г10“, тврди „Goldman Sachs“.

Во извештајот за цените на станбените имоти во земјите од „Г10“, „Goldman“ тврди дека тие се највисоки во малите отворени економии како Шведска и Нов Зеланд, коментира „Bloomberg“. Според инвестициската банка има 35-40% шанси од „колапс“ на станбениот пазар во двете земји во следните две години, што според неа значи цените на куќите да се намалат со барем 5% по прилагодување спрема инфлацијата.

„Goldman“ го споредува нивото на цените на станбениот имот во економиите по три стандардни метрика: Сооднос на цените на недвижностите во однос со кириите, сооднос на цените на имотите кон приходите на домаќинствата и цените на имотите наспроти инфлацијата.

„Со искористувањето на просечата вредност на овие индикатори, цените на куќите во Нов Зеланд изгледаат најдобро преценет, следуваат Канада, Шведска, Австралија и Норвешка“, се вели во извештајот. „Според моделот веројатноста од станбен крах во следните пет до осум квартали е највисок во Шведска и Нов Зеланд – меѓу 35% и 40%“.

Цените на куќите во Нов Зеланд се зголемиле со 60% од 2010-та година, а оние во Шведска со 41%, покажуваат податоците собрани од Банката за меѓународни порамнувања. Централната банка во Нов Зеланд минатата недела предвидува дека инфлацијата кај цените на куќите ќе се забави до 5% во оваа година од 14% во 2016-та година, но ќе остане позитивна до средината на следната деценија.

Иако инвестициите во станбен имот во Шведска и Нов Зеланд се високи, миграцискиот бум и растот на населението во двете земји ја поддржуваат градежната побарувачка, вели „Goldman“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП