5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Стапка на невработеност од 6,9 отсто

Бугарија: Стапка на невработеност од 6,9 отсто

Стапката на невработеност во Бугарија во првото тримесечје од оваа година изнесува 6,9 отсто и во однос на истиот период лани е намалена за 1,7 проценти.

Во првиот квартал од оваа година се вработиле 55.200 луѓе повеќе во однос на истиот период од минатата година, така што сега во Агенцијата за вработување се регистрирани 224.000 невработени лица.

Од вкупниот број невработени, 12,5 отсто имаат високо образование, 48,7 отсто средно и 38,8 отсто со основно или пониско образование.

Просечната плата во Бугарија во март изнесувала 516 евра, што е за 9,1 отсто повисока во однос на истиот месец минатата година.

Највисоки плати примиле вработените во информатичката технологија-1.204 евра, а најмала плата примиле вработените во угостителството-313 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП