Денеска во Грција започнува 24часовниот генерален штрајк што го организираат синдикатите во знак на протест поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите како услов за исплата на нова транша од помошта за земјата.
Поради штрајкот, фериботите и останатите бродови нема воопшто да сообраќаат со што островите ќе останат целосно отсечени од континенталниот дел на земјата, додека јавниот транспорт ќе се одвива со редуциран возен ред.
Откажани се и сите авионски летови, како и целокупниот железнички сообраќај. Грција денеска е и без дневни весници поради вчерашниот 24часовен штрајк на новинарите и остантите вработени во медиумите, а паралено со генералниот штрајк од денеска почнува на 48часовниот прекин на работата на лекарите и медицинскиот персонал, кои се наздоволни од најавите за намалување на средставта за здравствениот систем.
Генералниот штрајк се организра во време додека во грчкиот Парламент трае дебатата околу Предлогзаконот за новите мерки за штедење, за кој пратениците треба да гласаат утре вечер.
Со овие мерки, Атина се согласи да врати долг од 3,6 милијарди евра, средства кои треба да бидат обезбедени со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор и со зголемување на даноците.
Согласно договорот, примената на овие мерки треба да започне по 2018 година, откако ќе истече сегашната програма за спас, и треба да бидат импементирани во период од две години, односно во текот на 2019 и 2020 година.
Од усвојувањето на новиот Предлогзакон ќе зависи дали на средбата на Еврогрупата на 22 мај ќе биде донесена одлука за исплата на нова транша од кредитите за спас на Грција.