25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реализацијата на проектот за лица со интелектуална попреченост

Започна реализацијата на проектот за лица со интелектуална попреченост

Во Струмица почна реализацијата на проектот „Учиме да готвиме и стекнуваме здрави животни навики“ спроведен од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица, а финансиран од Програмата за социјална заштита трансфер до НВО 2017 година.

Главната цел на проектот е развој на вештини кај лицата со интелектуална попреченост за оформување здрави животни навики, преку стекнување знаења и вештини за подготовка на храна, вештини за организација, договарање, поделба на задачи и координација, истакна Соња Сачевска од Центарот „Порака“.

Обуката во народната кујна во Социјалниот клуб ја врши квалификуван волонтер. Со проектот, кој трае шест месеци, ќе бидат опфатени тринаесетина деца. Најпрвин, корисниците се учат со препознавање на прехранбените намирници од фотографии. Потоа ќе одиме на терен, во овоштарник и градина за да се запознаат со плодовите. Во последната фаза децата ќе приготвуваат јадење, додава Сачевска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП