19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПозната е првата компанија во која Apple влeгува преку нов фонд

Позната е првата компанија во која Apple влeгува преку нов фонд

Производителот на стакло „Corning“ е првата компанија која ќе добие средства од новиот фонд во вредност од 1 милијарди долари, кој „Apple“ го создаде особено за инвестиции во американски иновативни претпријатија.

Веста беше објавена на крајот на минатата недела, па така „Corning“ ќе добие 200 милиони долари од фондот на технолошката компанија. Тоа се случи само една недела откако извршниот директор на „Apple“, Тим Кук ја соопшти големината и целите на новиот фонд на компанијата.

Инвестицијата ќе биде насочена во истражувања и развој на машини потребни за најсовремените процеси во производството.

„Corning“ произведуваат таканаречени дисплеи „Gorilla Glass“ кои се користат за паметни телефони и таблети, вклучувајќи и во производите на „Apple“.

„„Corning“ се одличен пример за снабдувач кој продолжува да развива иновации, а тие се една од најпознатите долготрајниот добавувачи на „Apple““, посочува оперативниот директор на „Apple“ Џеф Вилијамс во соопштението.

„Ова партнерство започна пред 10 години со првиот „iPhone“, па денес секој корисник кој купува „iPhone“ или „iPad“ во светот, допира стакло, создадено во Америка“, додава тој.

„Corning“ поседуваат голема производствена база во Харисбург, Кентаки, а инвестицијата на „Apple“ ќе придонесе за операциите токму во оваа фабрика, најави извршниот директор на „Corning“, Вендел Вилкс.

Двете компании посочуваат дека од 2007-ма година досега создале над 1.000 работни места во САД.

Плановите на „Apple“ вклучуваат и инвестиции во програма која ќе обучува млади луѓе на програмирање, станува јасно од зборовите на Тим Кук, уште кога го објави новиот фонд на компанијата.

Активностите на „Apple“ се случуваат во позадина на реториката на Доналд Трамп, кој инсистира големите компании да создаваат работа за Американците, наместо да ги бараат пониските трошоци за работна сила зад океанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП