20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVolvo подготвува конкурент на Audi Q2

Volvo подготвува конкурент на Audi Q2

Компанијата „Volvo Cars“ развива субкомпактен кросовер со идекс „XC20“, кој ќе мора да се натпреварува со „Audi Q2“. Ова го соопшти шефот на одделот за истражување и развој на шведскиот производител Хенрик Грин, цитиран од „Autocar“.

Од зборовите на инженерот станува јасно дека компанијата има сè што е потребно за да пушти сличен модел на пазарот. На прво место тоа е модуларната платформа „CMA“ развиена заедно со „Geely“ за моделите од серијата „40“ – „V40“ и „XC40“, како и за автомобилите на новиот бренд „Lynk & Co.“.

Нејзиното користење ќе овозможи создавање на модели со помалку средства. Тие ќе се потпираат на 3 и 4-цилиндричен мотор од семејството „Drive-E“, кои веќе се поставуваат на поголемите автомобили на „Volvo“. Истовремено компанијата развива и нов 1,5-литарски турбомотор, кој исто така може да се користи од сите модели на марката. Нејзината моќна верзија ќе развива повеќе од 150 КС.

Во 2016-та година „Volvo“ продал 534.000 возила во целиот свет, а тоа е за 6,2% повеќе. Целта на Швеѓаните е во 2020-та година да ја преминат границата од 800.000 примероци и новиот компактен кросовер ќе игра главна улога во реализирањето на оваа цел. Според прогнозите на компанијата „LMC Automotive“, догодина во целиот свет ќе бидат продадени повеќе од 2 милиони компактни „SUV“ возила. За споредба, во 2016-та година резултатот во овој сегмент е 1,4 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП