3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите земји членки ќе треба да ги ратификуваат трговските договори на ЕУ

Сите земји членки ќе треба да ги ратификуваат трговските договори на ЕУ

Европската комисија (ЕК) не може да склопува договори за слободна трговија без рафитикација во секоја земја членка, одлучи Судот за правда на ЕУ, пренесуваат светските агенции.

Судот во Луксембург на барање на Комисијата се изјасни за трговскиот договор на ЕУ со Сингапур, а оваа одлука би можела да влијае и на идните договори, па дури и договорот за трговски односи со Велика Британија.

Во мислењето се истакнува дека арбитражните судови, кои се дел од договорите за слободна трговија кои ги преговара Брисел, спаѓаат во „поделената надлежност на Унијата и земјите членки“, поради што е неопходна ратификација во секој од 38-те национални и регионални парламенти во Европа, пренесува АФП.

Агенцијата АП наведува дека доколку сите парламенти на земјите членки треба да ги одобруваат трговските договори, ќе биде потребно уште време за нивно склопување, бидејќи одобрувувањето ќе зависи и од политичките процеси во земјите членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП