3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Велика Британија повторно забрзува

Инфлацијата во Велика Британија повторно забрзува

Инфлацијата во Велика Британија повторно забрзува, поддржана од цените на авионските билети, облеката и енергијата, соопшти „Bloomberg“.

Индексот на потрошувачките цени се зголемува за 2,7% на годишна основа, во април, што е најбрзо темпо од септември 2013-та година, посочува Националната статистичка служба. За споредба, инфлацијата во март беше 2,3 отсто.

На месечна база цените се зголемуваат за 0,5%.

Англиската централна банка прогнозира дека оваа година инфлацијата може да достигне речиси 3%. Брзото поскапување предизвика дискусии во самата банка за затегнување на монетарната политика. При последната седница на регулаторот во минатата недела Кристин Форбс, која членува во комисијата за монетарна политика, гласаше за поддршка на повисоки камати. Ако има подобрување во изгледите пред британската економија, најверојатно кон Форбс ќе се приклучат и други економисти, коментира „Bloomberg“.

Забрзувањето на инфлацијата во минатиот месец се должи главно на повисоките трошоци за транспорт, одразувајќи го тоа дека Велигден овој месец беше во април, а не во март. Цените на авионските билети пример растат со 19% на месечна основа.


source: tradingeconomics.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП