6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКрушката помага при мамурлак, намалува холестерол и делува антивоспалително

Крушката помага при мамурлак, намалува холестерол и делува антивоспалително

Австралиската научна агенција CSIRO објави резултати од истражувања кои докажаа дека крушките се добри за превенција на мамурлакот. CSIRO наведува и дека крушките го намалуваат холестеролот, делуваат антивоспалително и ја олеснуваат опстипацијата.

Многу народни лекови и совети за спречување на мамурлак бараат некоја подоготовка пред консумирањето, што на многумина не им е на листата со прироритети, кога после лудата ноќ ќе се пробудат со главоболка. Затоа сокот од крушка се чини како наједноставна помош во таа ситуација.

Научниците наведуваат дека крушката, а особено сокот од корејска крушка, ги ублажува симптомите на мумурлакот.

Водичот на студијата Мени Ноукс наведува дека можни причини за таквиот ефект е тоа што крушката влијае на ензимите, односно му помага на телото да го преработи и отстрани алкохолот или да ја намали неговата апсорција.

Сепак, научниците додаваат дека ова се прелиминарни студии и дека се потребни дополнитени истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП