2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска и утре Грција ќе биде парализирана поради големи штрајкови

Денеска и утре Грција ќе биде парализирана поради големи штрајкови

Грција повторно е парализирана од штрајк, пренесува Грик репорт.

Во знак на протест против понатамошните мерки за штедење, планирани од страна на владата во Атина, вработените во секторот на јавниот транспорт нема да ги извршуваат своите должности во следните два дена.

Во вторникот 48-часовен штрајк најавија и морнарите, што значи дека граѓаните кои живеат на острови остануваат отсечени од светот.

Вработените во железницата нема да работат во вторникот меѓу 9.30-16.30 часот во знак на почит кон жртвите кои загинаа во саботата при несреќата на возот во Северна Грција.

И диспечерите од аеродромите најавија четиричасовен штрајк за в среда, од 11 до 15 часoт.

Ситуацијата ќе биде комплицирана в среда, кога на генералниот штрајк ќе се приклучат лекарите и медицинските сестри.

В среда нема да излегуваат и весници откако новинарите објавија дека ќе штрајкуваат во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП