18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилејно издание на фестивалот „Прво па женско“

Јубилејно издание на фестивалот „Прво па женско“

Колку сме отворени, искрени и слободни да говориме за феминизмот и прашањата кои ги засегаат жените, но и мажите. Дали воопшто знаете што претставува феминизмот и за кои вредности тој се бори? Дали сте доволно храбри да си поставите некои прашања тивко пред себе, а камо ли јавно да проговорите за нив?

На сите овие прашања и дилеми бидете подготвени да ги лоцираме одговорите од 18 до 21 мај во МКЦ кога ќе се одржи петтото јубилејно издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Настанот е во организација на девојките од “Тиииит! Инк.”.

Ни претставува огромна радост што успеавме да добуткаме до петтото издание, чија што програма ги враќа назад некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. Се гледаме во МКЦ заедно да ги промислуваме и славиме женските права и слободи. Сериозните чичковци во костуми, седнати на одлучувачки позиции сериозно потфрлија. Ред е на жените да го спасат светот! “, велат девојките.

Влезот за фестивалот е слободен, освен за претставата „Црвена љубов“, во изведба на БИТЕФ театарот, Србија (https://www.facebook.com/events/209592822888443/)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП