28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупредува: Германија мора да направи нешто

ММФ предупредува: Германија мора да направи нешто

Германија мора да реагира со цел да го намали огромниот трговски суфицит кој предизвика незадоволство кај европските соседи и Соединетите Американски Држави.

На тоа предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Во 2016 година, суфицитот на тековните плаќања во Германија беше најголем во светот во доларска противвредност. Мерките кои ги поттикнуваат државните и приватните инвестиции и ја намалуваат потребата за лично штедење би требало да го забрзаат неопходниот процес за надворешно балансирање“, оценија економистите во извештајот на ММФ, а пренесува агенцијата Франс прес.

Американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери во повеќе наврати го критикуваа трговскиот суфицит на Германија, кој, како што тврдат, им штети на економскиот раст и отворањето на работни места во нивните економии.

ММФ, сепак, го пофали „внимателното управување“ на германските јавни финансии, но уште еднаш повтори дека се потребни мерки за поттикнување на инвестиции и зголемување на продуктивноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП