2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше расправата за намалување на грчкиот буџет

Стартуваше расправата за намалување на грчкиот буџет

Грчките пратеници ја почнаа четиридневната расправа за новиот пакет на намалување на буџетот, со кој ќе се продлабочат повеќегодишните мерки за штедење.

Според официјалните податоци, Грција повторно е во рецесија, додека синдикатите почнаа нови протести во пресрет на генерален штрајк, кој е закажан за утре.

Новиот круг на мерките за штедење, што се дел од договорот на грчката влада и меѓународните кредитори, вклучува и понатамошно намалување на пензиите до 2019 година и повисоки даноци на доход до 2020 година, информира Б92.

Без новите мерки Грција не може да добие пари кои се потребни за да се избегне банкрот кој ѝ се заканува во текот на идното лето, кога всушност доаѓаат за наплата огромните рати што пристигаат на име долг на државата.

Сегашната програма, која би можела да достигне 86 милијарди евра (ЕУР), истекува на лето следната година.

За да се добие оваа помош, владата во Атина вети серија мерки за штедење и економски реформи, а нејзиниот напредок го следат институциите на Европската Унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Иако со мерките за штедење се подобрија грчките јавни финансии, сепак, драстичното намалување на трошењето на буџетот доведе до зголемување на стапката на сиромаштија на околу 35 проценти од населението, додека просекот во ЕУ е под 24 проценти.

Во пресрет на вестите за економски раст на земјата, преговорите на грчката влада и кредиторите беа одложени, но официјалните податоци велат дека економската активност во првиот квартал опадна, што се случува вторпат по ред, и тоа по дефиниција значи дека Грција е во рецесија.

Во понеделникот, во Солун, вториот по големина град на Грција, возачите од јавниот автобуски превоз престанаа да возат поради доцнење на платите.

Се очекува бродовите да не пловат денеска и утре, а синдикати повикаа на генерален штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП