12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Urus ќе добие V8 со 650 КС, а се подготвува и...

Lamborghini Urus ќе добие V8 со 650 КС, а се подготвува и хибрид

Новиот кросовер „Lamborghini Urus“ ќе биде опремен со V8 мотор со турбо, кој развива моќност од 650 КС. Ова го објави за изданието „Automotive News Europe“ шефот на италијанскиот производител Стефано Доменикали.

Овој мотор ќе биде поставен на првата верзија на теренецот чие сериско производство ќе стартува во почетокот на 2018-та година. Околу една година подоцна ќе се појави модификација со хибриден агрегат, чиј акумулатор ќе може да се полни од електричната мрежа.

Во компанијата предвидуваат догодина да бидат произведени не повеќе од 1.000 примероци, а во 2019-та година бројката ќе достигне 3.500. Потоа производство ќе зависи целосно од побарувачката на пазарот. Цената на „Urus“ ќе стартува од 200.000 евра без даноци.

Благодарение на „Urus“ италијанската марка ќе се обиде да го подобри рекордот на продажба од 2016-та година. Тогаш „Lamborghini“ имаше продадено 3.457 нови автомобили, што е 2 пати повеќе од 2015-та година. Од нив во САД се продадени 1.041 примероци, во Јапонија – 359, а во Велика Британија – 326.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП