25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо фокусот беа акциите на Стопанска Банка АД Скопjе

Во фокусот беа акциите на Стопанска Банка АД Скопjе

За време на вчерашниот трговски ден поголем број компании, меѓу кои РЖ Услуги, ВВ Тиквеш, ЦКБ банка, Европа АД Скопје и Прилепска Пиварница, ги објавија Неревидираните биланси на успех за периодот од 01.01 -31.03.2017 година.

Повторно посебен интерес за акциите на Стопанска Банка АД. Денес се истргуваа вкупно 1.250 акции преку само 4 трансакции, вкупната вредност на трансакциите со оваа акција изнесуваше околу 1.191 милиони денари или учество од над 23% во вкупниот промет од 5.120.726 денари.

Втора по промет беше акцијата на Топлификација АД Скопје со истргувани 816 лота по просечна цена од 1.061,06 денари.
Акцијата на Стопанска Банка приоритетни АД Скопје со најголем пад на вредноста од 1,48%, а зад неа ФЗЦ 11 Октомври Куманово од 0,1%.

Индексот МБИ-10 на вредност од 2.211,92 индексни поени и раст од 0,20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП