2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на ЕУ ќе плаќаат поевтина струја

Граѓаните на ЕУ ќе плаќаат поевтина струја

Според податоците објавени од страна на Еуростат цените на електричната енергија за домаќинствата во Европската Унија се намалиле во просек за 2,3 проценти, меѓу втората половина на 2015 година и втората половина на 2016 година. Сред Еуростат, цените сега изнесуваат 20,5 евра за 100 киловат часови.

Во истиот период, цените за гасот за домаќинство се намалија во просек за 10,5 отсто, односно на 6,40 евра за 100 киловат часови.

„Во просек, даноците и давачките изнесуваaт повеќе од една третина (36 отсто) од сметките за електрична енергија за домаќинствата во втората половина на 2016 година, и околу една четвртина (26 отсто) од цените за гас”, се вели во соопштението.

Во периодот од втората половина на 2015 година до втората половина на 2016 година, најголемо намалување на цените на струјата за домаќинства, во национални валути, регистрирано е во Холандија (-13,8 отсто) и на Кипар (-11,8 отсто) а, најголем пораст во Белгија, за 16,7 отсто, потоа во Шведска 7,7 отсто и во Португалија за 3,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП