2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон и Меркел најавија соработка за реформите во ЕУ

Макрон и Меркел најавија соработка за реформите во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот ветиле дека блиску ќе соработуваат на изработка на план за реформи на ЕУ, пришто двајцата изразиле подготвеност за измени на европскиот договор, доколку за тоа се укаже потреба, пренесуваат светските агенции.

Меркел во понеделникот во Берлин го дочекала новиот француски претседател кој во Германија престојува во своја прва официјална посета откако стапи на должноста шеф на француската држава.

„Од германска гледна точка, можно е да се променат договорите, доколку тоа има смисла“, рекла Меркел. Францускиот претседател, пак, истакнал дека нема да има „табуа“, кога станува збор за оваа идеја.

Таа рекла дека европските земји не треба да мислат дека ЕУ никогаш нема да направи измени на своите договори. „ЕУ која би се однесувала така би била ранлива од сите краеви на светот“, рекла Меркел, наведувајќи дека промените на договорите не се тема која треба веднаш да се реши.

„Најпрво треба да утврдиме што сакаме да промениме, и доколку испадне дека за тоа е потреба измена на договорите, тогаш ние сме подготвени да го направиме тоа“, рекла Меркел.

Макрон рекол дека блиску ќе соработува со Меркел околу плановите за реформи во ЕУ и еврозоната, додавајќи дека исто така би бил подготвен на промена на европските договори, доколку има потреба од тоа. Тој додал дека треба да се работи на длабоки реформи кои се неопходни и дека за тоа е потребна заедничка работа.

Французинот исто така се заложил за „историско преобликување“ на Европа, наспроти растот на популизмот. Според Макрон, реакцијата на оваа појава може да се оствари само преку имплементирањето на неопходните реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП