2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти во АРМ

Започна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти во АРМ

Обуката на осмата генерација кандидати за пилоти за потребите на Армијата на Република Македонија почна денеска, во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

„Од 80 пријавени на Конкурсот, шестмина ја завршија ригорозната селекција и имаат можност да бидат образовани во еден од најсовремените центри во Европа“, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски

Јолевски додаде дека годинава се отвора и нова можност за младите луѓе кои имаат завршено средно образование да се пријават на Конкурсот на питомци на Воената академија, каде ќе поминат четири години на катедрата за воено воздухопловство – насока пилот, од кои три семестри ќе поминат во Центарот за обука на пилоти. Тој ги повика сите кои ги исполнуваат условите да се пријават на отворениот Конкурс на Центарот, кој завршува во септември, по што ќе се изберат шест до осум кадети – идни пилоти.

Во оваа класа обуката за воен пилот ја почнаа шест кандидати кои поминаа низ ригорозен процес на тестирање кое вклучува психолошки тестови, физички и медицински проверки.

Обуката на кадетите е во времетраење од 18 месеци, а се состои од теоретска подготовка, практична обука и летови на високотехнолошките симулатори на хеликоптерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП