2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДубаи планира новo одморалиште за 1,7 милијарди долари (видео)

Дубаи планира новo одморалиште за 1,7 милијарди долари (видео)

Дубаи планира изградба на туристичко одморалиште за 6,3 милијарди дирхами (1,71 милијарди долари) на два вештачко создадени острови, кои ќе се изградат од двете страни на најпопуларниот хотел Бурџ ал Араб, соопштува „Ројтерс“.

Ова е последниот дел од планот на емиратот, со кој цели да привлекува 20 милиони посетители годишно до 2020-та година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светскиот саем (Dubai Expo).

На површина од 4 милиони м2 „Marsa Al Arab“ ќе биде изграден врз два острови – едниот посветен на забава и семеeн туризам, а другиот ќе вклучува луксузни вили и приватно пристаниште.

Дубаи веќе е еден од најпосетените градови во светот, иако хотелите, трговските центри и државната авиокомпанија „Emirates“ трпат штета од силниот американски долар, кој го направи емиратот поскап за многу странски посетители.

Околу 4,6 милиони туристи го посетиле Дубаи во првиот квартал, што е за 11% повеќе во однос на истиот период од минатата година, покажуваат податоците на туристичка агенција.

„Marsa Al Arab“ ќе вклучува 140 вили, марина и воден парк, како и театар со капацитет од 1.700 места за домаќинството на „Cirque du Soleil“, соопштија локалните медиуми. Работата на проектот ќе почне во јуни и ќе заврши кон крајот на 2020-та година.

„Marsa Al Arab“ ќе ги зголеми плажите по крајбрежјето на емиратот за 2,2 километри, но засега не е познато како ќе се финансира.

Најпознатиот вештачки остров на Дубаи „Palm Jumeriah“ е дом на неколку хотели, вили и апартмани. Други острови кои емиратот ги планира сепак, или се во застој или проектот им е намален по должничката криза од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП