5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали италијанската храна е лек за импотенција?

Дали италијанската храна е лек за импотенција?

Храната богата со омега три масти, која во голема мера е составен дел од италијанската кујна, може во голема мера да им помогне на лицата кои страдаат од сексуална дисфункција.

Италијаните се познати како љубители на храната, но и како добри љубовници, а сега постои некој кој ги поврзува овие две работи.

На 21-от конгрес на андролози во Италија, претставени биле влијанието на шпагетите и пиците на сексуалната желба кај мажите. Користењето на само италијанска храна може да помогне во лекувањето на сексуалната дисфункција, вели професорот Џорџо Франко, претседател на конгресот на андролози.

Според него луѓето кои се хранат со медитеранска храна имаат поголеми шанси да заболат од импотенција.

Италија има најмала стапка на мажи кои страдаат од сексуална дисфункција, само тримилиони, во споредба со британските 50 проценти. Сепак, многумина кои страдаат од ова пореметување, почесто ги користеле апчињата Аванфил, кои се направени во Италија отколку да се завртат кон медитеранска диета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП