17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога е во ред да бидете непријатни на работа

Кога е во ред да бидете непријатни на работа

Андреа Кутриг, која со години работела за Yаhoo, а денес е самостоен претприемач, смета дека постојат моменти кога е „сосема во ред да се однесувате како кретен“.

Бидејќи позади себе има големо искуство и работа во бројни компании, научила дека понекогаш преговарањето и настојувањето да пронајдеме компромис не функционира, и кон колегите треба да бидеме остри.

„Нема сите секогаш да се сложат со вашите одлуки“, предупредува таа, но додава дека понекогаш мора да се направат и акции кои не им одговараат на сите во просторијата, со цел работата да оди напред, објасни таа.

Но, таа вели дека е битно да се разликуваат наведените „кретени“, при што се мисли на луѓе чија личност ја нарушува организацијата и хармонијата на работа, и чие инсистирање на нивните одлуки ја забавува и уништува работата.

Разликата меѓу моментот кога ве почитуваат и кога им се допаѓате

Поради тоа секогаш треба да се стремите да, кога не оди поинаку и знаете дека некои деловни потези морате да ги повлечете, биде упорни и тврдоглави. „Понекогаш морате да знаете да се спротивставите на „тешки“ луѓе кои ги среќавате на работа и не морате да се повлечете што првиот пат ќе ве одбијат“, порача таа.

Но, нагласува дека секој мора да има граница во својата тврдоглавост, со цел и сам да не започне да претерува. „Тоа исто така произлегува од самодовербата – да се биде способен да се откажете ако гледате дека вашата одлука не е најдобра“, потенцираше таа.

„Сепак, морате да знаете да бидете пристојни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП