12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за вработување организира бесплатни обуки за претприемништво за млади лица до...

Агенцијата за вработување организира бесплатни обуки за претприемништво за млади лица до 29 ­години

Агенцијата за вработување организира бесплатни обуки за претприемништво за млади лица до 29 ­годишна возраст. Од денеска младите ќе можат да конкурираат.

„Станува збор за проект поддржан од ЕУ со 300 илјади евра. По обуките, младите ќе можат да изготват бизнис­план и со него да конкурираат за другите мерки за вработување што ги нуди државата“, рече директорот на Агенцијата, Влатко Поповски.

„Обуките ќе се спроведуваат од страна на консултантски компании на ниво на цела Македонија, а ќе траат по пет дена или вкупно 45 часа, но за да стартуваат неопходно е да се пријават најмалку 10 лица“, додаде Поповски

На првиот оглас за грант објавен во март годинава од пријавените 1.250, 440 биле лица до 29 години. Досега, 40 до 45 отсто од грантовите се доделени на млади лица, што покажува голема заинтересираност, подвлече директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Обуките ќе траат до 1 декември и со нив е предвидено да бидат опфатени 950 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП