6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија и Русија го продолжуваат договорот за послабa екстракција на нафта

Саудиска Арабија и Русија го продолжуваат договорот за послабa екстракција на нафта

Саудиска Арабија и Русија – најголемите производители на нафта во светот, се согласија да го продолжат договорот за намалување на производството за уште девет месеци до март 2018-та година, во обид да ја надминат глобалната презаситеност на пазарот, зголемувајќи ја цената на “„црното злато“.

Изборот на моментот за објавување на веста пред следната официјална средба на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) на 25-ти мај, значително ги изненадија пазарите. Потегот ќе помогне да се осигура дека и останатите земји членки на ОПЕК и други производители кои учествуваа во првиот круг од намалувањата, исто така ќе се вклучат.

Во заедничката изјава по средбата саудискиот министер за енергија, Калид ал-Фалих и неговиот руски колега Александар Новак изјавија дека се согласиле да го продолжат сегашниот договор со уште 9 месеци до март 2018-та година.

Министрите ветија дека ќе направат се што е потребно, за да ги намалат глобалните резерви до пет години и средни нивоа и изразија оптимизам дека ќе обезбедат поддршка од производителите, не само од оние во сегашниот договор, се вели во соопштението.

„Постои значително намалување на резервите, но не сме таму каде што сакаме, во однос на остварувањето на петгодишните средни нивоа“, рече Ал-Фалих на брифинг во Пекинг заедно со Новак. „Стигнавме до заклучок дека договорот треба да биде продолжен“.

Според сегашниот договор, започнала на 1-ви јануари, ОПЕК и другите производители, вклучувајќи и Русија, ветија дека ќе го намалат производството со речиси 1,8 милиони барели на ден во првата половина на годината.

Саудиска Арабија – реалниот лидер на ОПЕК, и Русија, најголемиот производител во светот, заедно контролираат една петтина од глобалните испораки, или производство на околу 20 милиони барели нафта на ден.

Иако во голема мера беше очекувано ОПЕК и Русија да се согласат на продолжување на договорот, моментот и силниот јазик на изјавата ги зголеми цените на нафтата со над 1,5% за време на азиската трговија.

„Мислам дека „ОПЕК“ и Русија сфаќаат дека за да го вратат пазарот назад на нивна страна, тие треба тактика од типот „шок и ужас“, каде што треба да направат нешто повеќе од само продолжување на договорот“, рече Вирендра Чаухан аналитичар од „Energy Aspects“ со седиште во Сингапур.

„На пазарот ќе се очекува и намалување на извозот, не само на родот, бидејќи тоа е потребно за да се постигне ребаланс на пазарот“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП