18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтениот гигант двојно го зголеми профитот

Нафтениот гигант двојно го зголеми профитот

Романската нафтена компанија „Petrom“, која е во сопственост на австриската групација „OMV“, во првиот квартал од 2017 година забележа нето добивка од 136 милиони евра.

Тоа е речиси двојно повеќе од 64 милиони евра колку што компанијата оствари во истиот период во 2016 година.

Истовремено во првиот квартал од 2017 година е остварен пораст на продажбата за 27 проценти, што ги поткрепи добрите деловни резултати, јавува романскиот дневник „Ziarul Financiar“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП