Јапонската компанија „SoftBank Corp“, најви дека на крајот на месецот ќе воведе „систем на поттикнување“.
Во рамките на новиот систем, сите вработени кои исклучително добро ќе го поминат специјализираниот тест, ќе добијат награда од 1 милион јени или 8.500 евра.
Вработените во оваа компанија кои ќе постигнат резултат од 900 или повеќе бодови на тестот на англиски јазик за меѓународна комуникација, ќе ја добијат споменатата награда. Компанијата сака да ги мотивира вработените повеќе и почесто да го користат англискиот јазик, бидејќи компанијата прави напори да се прошири на меѓународно ниво.