4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница на тема „Сите семејства се еднакви“ на Филозофскиот факултет

Работилница на тема „Сите семејства се еднакви“ на Филозофскиот факултет

Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе одржи работилница по повод Меѓународниот ден на семејството ­ 15 мај.

На работилницата децата од француското интернационално училиште „EFIS” ќе цртаат цртежи и ќе пишуваат мисли и поеми на тема „Еднакви семејства”, под менторство на студентите од семејни студии.

Изработените цртежи и стихови ќе бидат прикачени во Библиотеката на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет ­ УКИМ по повод Меѓународниот ден на семејството.

Вчера по овој повод во Градскиот парк во Скопје беше одржан хуманитарен базар „Хуманост за сите семејства“ на кој се продаваа различни ситни предмети, колачи… со пораки за сeмејствата изработени од студентите на семејни студии, децата од Француското интернационално училиште „EFIS”, како и децата од ПОУ Иднина.

Финансиските средства кои ќе бидат собрани од распродажбата ќе бидат донирани на ПОУ Иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП