6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште два американски града ќе преминат на 100% зелена енергија

Уште два американски града ќе преминат на 100% зелена енергија

За да може еден град да постои целосно на обновлива енергија, тоа значи дека секоја зграда мора да се придржува кон строгите насоки и правила.

Се разбира, тоа не е лесна цел во краток рок, но долгорочните ефекти стануваат сè поважни.

Затоа веста дека Чикаго и Атланта ќе работат за да постигнат 100% обновлива енергија во блиска иднина, е толку актуелна, но и возбудлива.

За Чикаго, град со над 2,7 милиони жители (9,5 милиони луѓе, вклучувајќи ја околината), највисоката цел за постигнување на енергетска независност до 2025-та година дава надеж за многу Американци.

Всушност, стотици илјади луѓе протестираа низ земјата за обединувачката цел против климатските промени.

„Со ангажманот енергијата која се користи за напојување на нашите јавни згради да биде од ветерот и сончевата, ние испраќаме јасен сигнал дека остануваме загрижени за изградбата на економијата на 21-тиот век“, рече градоначалникот на Чикаго Рам Емануел.

Ако Чикаго ја постигне својата цел, тој ќе биде најголемиот град во Америка, кој ќе користи целосно обновлива енергија.

Атланта е другиот голем град во САД, кој ги објави плановите за “позелена” иднина. Како што ја определува 2035-та како година во која планира да тече целосно обновлива енергија, деветтиот по големина градски реон во САД ќе користи меѓувреме извори како сонце и ветер.

„Знаеме дека преминот кон чиста енергија ќе создаде подобри работни места, ќе го пречисти воздухот и водата и ќе ги намали сметките за комунални услуги на жителите”, вели во изјавата кандидат-градоначалникот на демократите Кванза Хол.

Атланта е 27-миот град во Америка, кој најави амбиција за користење на 100 проценти обновлива енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП