6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХонгконг стана број еден пазар за луксузни недвижнини во светот

Хонгконг стана број еден пазар за луксузни недвижнини во светот

Хонгконг го надмина Лондон и стана најголем пазар за луксузни недвижнини во светот, благодарение на рекордниот број на продажни договори кои надминуваат 100 милиони долари.

Во Хонгконг минатата година се продадени четири од десет недвижнини кои се продадени за повеќе од 100 милиони долари, според истражувањето на компанијата „Christie’s International Real Estate“.

Лондон, кој регистрирал два вакви договори во вредност од преку 100 милиони долари, падна на втората позиција на ранг листата, додека Њујорк се задржа на третото место.

Подемот на пазарот за недвижнини во Хонгконг е во спротивност со „турбуленциите до кои дојде на пазарите како што е Обединетото Кралство, кое мораше да се носи со изборите, новите даноци и Брегзит“, вели Дан Кон од компанијата „Christie’s International Real Estate“.

Иако пазарот за најлуксузни недвижнини се „разгорува“, продажбата на евтини луксузни недвижнини започнува да забавува, наведува њујоршката агенција.

Продажбата на недвижнини кои чинат барем еден милион долари порасна за еден процент минатата година, што е пад во однос на осум-процентниот скок од 2015 година и 16-процентниот раст од 2014 година, се наведува во истражувањето.

Просечното време за продажба на еден луксузен имот е продолжено за околу 13 проценти на 220 дена, бидејќи на одделни пазари понудата ја надминува побарувачката, наведува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП