6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Даноците кои ги плаќаат технолошките гиганти во САД

График на денот: Даноците кои ги плаќаат технолошките гиганти во САД

Минатата недела администрацијата на Трамп ги претстави плановите за даночна реформа на брифинг во Белата куќа со присуство на министерот за финансии Стивен Манучин и директорот на Националниот економски совет Гери Најт.

Предлогот вклучува остро намалување на даноците на доход на физичките и правните лица и цели да се поедностави даночниот систем, коментира Statista.

Данокот на добивка во САД е значително повисок од оној во повеќето други земји, што тера многу американски компании да го држат профитот надвор од земјата, каде се оданочува со пониски стапки. Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го намали корпоративниот данок до 15%, во обид да ги врати назад овие пари и да ги зајакне локалните инвестиции.

Како што покажува графиконот, најголемите компании во САД во моментов плаќаат ефективна даночна стапка, која е доста пониска од утврдената 35%, но (во повеќето случаи) доста повисока од предложените 15%. „Apple“, на пример, која е најпрофитабилната компанија во светот, платила 15,7 милијарди долари во форма на данок на добивка во последната фискална година – 13,5 милијарди долари во САД и 2,1 милијарди долари во странство. Ефективната даночна стапка на компанијата реално изнесува 26,6%. Ако таа опадне на 15%, Apple ќе заштеди над 6 милијарди долари од даноци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП