Австриската нафтена и гасна компанија ОМВ е подготвена да обезбеди дополнителни средства за финансирање на проектот за изградба на Северен тек 2, доколку за тоа има потреба, соопшти Рајнер Селе, генерален директор на компанијата.
„Доколку бидат потребни дополнителни средства, ОМВ ќе ги обезбеди“, рече Селе на панел дискусија одржана во руската амбасада во Берлин.
Тој ја повика Германија поактивно да се вклучи во проектот Северен тек 2.