3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајм: Македонија е најевтината земја за живот во регионот

Тајм: Македонија е најевтината земја за живот во регионот

Влијателниот американски магазин „Тајм“ објави листа на 50 земји каде што најевтино се живее.

Параметрите за составувањето на листата се дело на организацијата „GoBankingRates“, која ги рангирала земјите на основа на четири достапни информации кој ги објавил Numbeo, интернет база на податоци за цените. Тука спаѓаат индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени. Резултатите се споредени со стандардот на животот и цените во Њујорк.

Според рангирањето, десетте земји каде што најевтино се живее се: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

Од земјите од регионот, Босна и Херцеговина е на 11-то место, Србија на 18-то, Црна Гора на 26-то, Словенија на 36-то, Хрватска на 47-мо место на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП