6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолемите корпорации ќе плаќаат даноци во нивните земји

Големите корпорации ќе плаќаат даноци во нивните земји

Новиот меѓународен даночен договор ќе ги спречи обидите на големите компании да го избегнат плаќањето данок, соопшти генералниот директор на OECD Анхел Гуриа.

Организацијата за економска соработка и развој (OECD) направи нов договор со кој на мултинационалните компании им се отежнува префрлањето на профитот во земјите со ниска даночна стапка, посочил Гуриа и додал дека во креирањето на овој договор учествувале над 100 земји. Се очекува поголемиот дел од земјите да го потпишат договорот на церемонијата што ќе се одржи на 7 јуни во Париз.

За време на состанокот на финансиските претставници на групата на седумте најразвиени земји (Г7), Гуриа нагласил дека целта на договорот е да им помогне на земјите да го наплатат она што се смета за нивен дел, по фер цени.

Гуриа оценил дека сигурната наплата на даноците од големите компании значи помал товар за граѓаните од средната класа и малите претпријатија, кои не можат да го префрлаат профитот во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП