6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСајбер нападот запрен од страна на млад истражувач на сајбер безбедноста

Сајбер нападот запрен од страна на млад истражувач на сајбер безбедноста

Сајбер нападот со помош на софтверот „ренсомвер“(ransomware) врз илјадници компјутери во стотина земји, колку и да изгледа голем, не е ништо во однос на она што би можело да уследи, доколку компаниите, организациите и владите не спроведат големи поправки, предупредуваат стручњаците.

Нападот по кој во петокот останаа блокирани десетици илјади компјутери ширум светот, се ширел многу повеќе и побрзо, доколку не беше запрен од млад истражувач на сајбер безбедноста со активирање на програма за гасење на злонамерниот софтвер.

Стручњаците велат дека тој напад би требало да ги разбуди сите управни одбори на корпорациите и парламентите ширум светот.

Даријен Хас, 28 годишен инженер што му помогна на анонимниот 22 годишен Британец, познат само како МалверТек (MalwareTech), изјави дека „и натаму е загрижен што ќе се случи во следните неколку дена“, бидејќи на оние што го започнаа нападот нема да им биде тешко повторно да ја активираат програмата без таканаречениот прекинувач за исклучување (kill switch), или со подобра верзија.

„Постои можност и имитатори да го користат методот што овие напаѓачи го применија“, предупреди Хас

Користениот малициозен софтвер ја користеше ранливоста на новите верзии на Виндовс од Мајкрософт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП