6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата економија во Европа повторно забележа силен раст

Најголемата економија во Европа повторно забележа силен раст

Службените податоци покажуваат силен раст на најголемата европска економија во првите три месеци од годинава.

Сезонскиот, ценовниоти календарски прилагоден бруто домашен производ (БДП) на Германија во првото тромесечје порасна за 0,6 отсто, соопшти статистичката организација Дестатис.

Растот е во склад со прогнозите на аналитичарите во истражувањата на компанијата Фактсет.

Податоците покажуваат дека економските активности во Германија забрзале во првото тромесечје годинава, по слабиот раст во втората половина на минатата година (само од 0,2 отсто до 0,4 отсто).

Надворешнотрговската размена бележи исто силен раст, а темпото на растот на извозот гo надминал зголемениот увоз.
Германскиот БДП во првиот квартал пораснал за 1,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП