28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради дефект на софтверот Фиат мора да повлече милион пикап возила

Поради дефект на софтверот Фиат мора да повлече милион пикап возила

Автомобилската компанија ФИАТ-Крајслер ќе мора да повлече речиси 1 милион пиап возила во Северна Америка заради дефект на софтверот.

Дефектот може да го блокира отворањето на страничните воздушни перничиња и сигурносните појаси ако возилото се преврти. Како што е соопштено од американската филијала на компанијата, овој дефект може да биде поврзан со еден смртен случај, две повреди и две сообрачајни незгоди.

Повлекувањето се однесува на моделите пикап „рам 1500“ и „рам 2500“, произведени во периодот од 2013 до 2016 година, и пикап „рам 3500“ во периодот 201402016 година.

Најавено е повлекување на 216 илјади возила во Канада, 21.670 во Мексико и 21.530 надвор од регионот на ЕФТА.
Повлекувањето на возилата треба да започне на 23 јуни годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП