3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена одлуката во Валандово за спроведување на референдум за изградба на рудници

Одложена одлуката во Валандово за спроведување на референдум за изградба на рудници

Советот на општина Валандово доцна во петок кон сабота ја одложи одлуката за референдумско изјаснување на граѓаните по прашањето „дали се за или против работењето на рудниците во Казандол и Башибос“.

Одлуката е одложена за најмалку три дена.

Инаку советниците, со осум гласови за од вкупно 15, ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи.

Ваквата одлука била донесена заради потребата од консултации на претседателот на Советот со Закононодавно-правната комисија за правната издржаност на одлуката.

Југоистокот на земјата е зафатен со бран иницијативи за референдуми околу отворањето на рудници во овој дел на земјата. Најпрво гевгеличани на референдум гласаа „против“ отворање рудници, советниците на општина Дојран донесоа одлука референдум да се одржи на 18-ти јуни, во Богданци претходно беше одлучено референдум да се одржи на 11 јуни, а неизвесноста продолжува само во општина Валандово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП