6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ повтори дека намалувањето на долгот на Грција е задолжително

ММФ повтори дека намалувањето на долгот на Грција е задолжително

Европа треба да покаже јасна посветеност кон намалувањето на грчкиот долг кој е од клучно значење, изјави вчера генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

„Навистина се надеваме дека Европа ќе биде повеќе посветена кон намалувањето на долгот кој е од императивно значење“, изјави Лагард.

ММФ го условува своето учество во третата транша помош за Грција од 86 милијарди евра со намалување на грчкиот долг, оценувајќи дека тоа значително би придонело за извлекувањето на Грција од финансиската криза.

Грција од 2010 година помина низ неколку програми за помош од ММФ и други земји од еврозоната, но нејзиниот јавен долг поради ослабената економија е зголемен на 315 милијарди евра, што е околу 180 проценти од бруто домашниот производ.

ММФ го услови продолжувањето на помошта со реформи во пензискиот систем во Грција, оценувајќи дека грчкиот долг е неодржлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП