6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најсигурната банкнота во светот

Ова е најсигурната банкнота во светот

Швајцарската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 франци. За неа, вицегувернерот Фритз Зурбург вели дека би можела да биде најсигурната банкнота во светот.

Црвената банкнота е изработена од хартија од зајакнати памучни влакна, а во внатрешноста крие јадро од полимер.

Поседува вкупно 15 заштитни елементи, меѓу кои е глобусот кој ја менува бојата, сребрената мапа на Швајцарија и крстот кој се прелива во знамето.

Дел од елементите против фалсификување можат да се видат само под ултравиолетово светло или микроскоп. Банкнотата во оптек ќе излезе на 17 мај.

Новите 20 франци се претставени по минатогодишното пуштање во оптек на банкнотата од 50 франци која е прогласена за банкнота на годината за 2016 во изборот од меѓународното жири.

Освен што користи најмодерни методи за заштита од фалсификување, новата банкнота од 20 франци е со помал формат од досегашниот, па банкнотата е поедноставна за користење, соопштија од централната банка.

Следна на ред е банкнотата од 10 франци, додека банкнотите од 100, 200 и 1000 франци ќе бидат претставени во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП