8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Туркиш Ерлајнс“ во бизнис класата воведе лаптоп за користење

„Туркиш Ерлајнс“ во бизнис класата воведе лаптоп за користење

„Туркиш Ерлајнс“ на летовите од истанбулскиот аеродром „Ататурк“ за Велика Британија од денес почна да им дава, на патниците од бизнис класата лаптоп за користење, јавува Aгенцијата Анадолија.

Оваа услуга беше достапна за патниците на утринскиот лет за Манчестер. Патниците од бизнис класата, своите лаптоп компјутери ќе мораат да му ги предадат на персоналот на авиокомпанијата, а за возврат да добијат лаптоп за користење за време на летот.

Ваквиот потег е одговор на одлуката на САД и на Велика Британија да се забрани користењето на лаптопи во кабините, на летовите од северна Африка, Турција и од Блискиот Исток.

Турскиот авиопревозник претходно воведе слична услуга на летовите за САД. Британија на 21 март ја воведе мерката што се однесува на лаптопите, таблетите и некои мобилни телефони, и многу е слична на онаа што претходно ја донесе Одделот за национална безбедност на САД.

Уредите што „Туркиш Ерлајнс“ ги нуди на своите летови можат да се користат како лаптопи и како таблети со екран на допир. Патниците ќе можат да ги зачуваат своите податоци на УСБ мемориски стик, а сите лични податоци ќе бидат избришани откако уредот ќе се исклучи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП