29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛепилата и детергентите ги поддржуваат резултатите на Henkel

Лепилата и детергентите ги поддржуваат резултатите на Henkel

Добро растечкиот бизнис со лепила и детергенти ги промовира резултатите на германскиот производител на стока за широка потрошувачка „Henkel“ во првиот квартал.

Поддржани и од купувањето на американскиот производител на детергенти „Sun Products“ во минатата година, приходите забележаа раст со 13,6 отсто до 5,1 милијарди евра, објави компанијата.

Чистата добивка изнесува 597 милиони евра – со 13,7 отсто над профитот пред една година.

Најсилен раст компанијата постигнува во бизнисот со чистење и детергенти (Persil, Pril, Purex), како и козметиката (Schwarzkopf, Syoss, Dial), но конкуренцијата станува сурова. Менаџерите очекуваат овој тренд да продолжи.

Освен тоа и суровините кои „Henkel“ ги користи за производство на своите производи стануваат поскапи, што исто така е извор на ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП