
Бројот на туристи во март бележи пад за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, според податоците од Државниот завод за статистика. Намалување има и кај бројот на ноќевања за 3,2 проценти.


Бројот на туристи во март бележи пад за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, според податоците од Државниот завод за статистика. Намалување има и кај бројот на ноќевања за 3,2 проценти.
Бројот на домашни туристи во однос на март минатата година е намален за 4,3 проценти, а бројот на странски туристи за 3,1 процент. Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 11,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,2 проценти.