12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов циклус саеми за вработувања

Нов циклус саеми за вработувања

На 18 мај почнува новиот, трет по ред циклус Саеми за вработување во Република Македонија. Истиот почнува на 18 мај и завршува на 15 јуни 2017 во Скопје, а во тој интервал овој настан ќе се реализира и во други 5 поголеми градови: Штип (26.05.), Кавадарци (30.05.), Битола (06.06), Тетово (08.06.) и Струмица (13.06).

На овогодишниот циклус Саеми за вработување се очекува голем број работодавачи од Република Македонија да ги претстават нивните потреби за вработување кадар пред најзаинтересираните – лицата кои бараат работа, но и пред широката јавност. Саемите за вработување овозможуваат на лице место работодавачите да ја изнесат својата побарувачка, а лицата заинтересирани за вработување во таа компанија да се информираат непосредно на лице место за условите кои се нудат.

„Агенцијата за вработување на РМ го иницираше овој циклус Саеми за вработување сè со цел да им се овозможат на младите луѓе блиски средби со потенцијалните работодавачи, како и задоволување на нивните реални потреби од конкретен кадар. Со цел да ја продлабочиме меѓусебната соработка и постојано да ги подобруваме услугите според потребите на двете страни, Агенцијата за вработување на Република Македонија како нивна заедничка точка го организираше Саемот за вработување во вид на караван да се реализира низ целата земја. Очекуваме одзивот да биде голем, а сатисфакцијата заемна”- изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП