5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас ќе потпише меморандум за зајакнување на кинеските инвестиции во Грција

Ципрас ќе потпише меморандум за зајакнување на кинеските инвестиции во Грција

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ќе учествува на форумот „Една зона, еден пат”, кој ќе се одржи во Пекинг, во рамките на кој се очекува да биде потпишан меморандум за соработка, насочен кон зајакнување на кинеските инвестиции во земјата, објавува електронското издание Екатимерини.

Пактот ќе вклучува договори во енергетската област, телекомуникациите, пловењето и туризмот. Во Атина се надеваат дека документот ќе даде јасен сигнал на меѓународните инвеститори дека грчката економија оди кон позитивен развој.

Во рамките на посетата на Пекинг закажана за 14-15 мај, Ципрас ќе одржи средби и со претседателот на Кина Си Џинпин и премиерот Ли Кцјан, а исто така со директорот на ММФ Кристин Лагард и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП