8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележување на неделата на сестринството во Македонија

Одбележување на неделата на сестринството во Македонија

Неделата на сестринството денеска ќе биде одбележана со манифестација во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.

Со тоа ќе им се оддаде признание на медицински лица за нивната пожртвуваност во работата.

На манифестација ќе биде претставено и новото Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТА – ЗА НАС).

Темата на Интернационалната недела оваа година е „Глас што води“ (за медицинските сестри) и „Акушерките и мајките со семејствата – партнери за живот“.

Од 5 до 12 мај традиционално се одбележува Меѓународната недела на медицински сестри и акушерки. Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува секоја година на 12 мај во знак на сеќавање на денот на раѓањето на првата болничарка Флоренс Најтингел (12.05.1820). Таа ја предводела првата група жени кои заминале на фронт во Турција да се грижат за ранетите војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП