28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарски експерти ќе држат обука за угостителство и туризам

Швајцарски експерти ќе држат обука за угостителство и туризам

Врвни обуки за угостителство и туризам ќе бидат денеска презентирани во Скопје.

Промоцијата ја организира Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост во соработка со престижната академија Свис хотел манаџмент од Луцерн и Министерството за економија.

Обучувачите во Македонија коишто ќе учествуваат ќе добијат СХЛ сертификати.Како гостин на настанот ќе учествува и министерот за економија Дритон Кучи.

Швајцарските обуки за хотелски менаџмент, туризам и угостителство се сметаат за едни од најдобрите во светот. Според организаторите, треба да се унапредат услугите и начинот на работа согласно највисоките стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП