8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens укинува 2.700 работни места

Siemens укинува 2.700 работни места

Германскиот индустриски конгломерат „Siemens AG“, најави укинување или ангажирање на надворешни соработници за 2,700 работни места со цел модернизација на ИТ секторот и зголемување на ефикасноста.

Компанијата, чие седиште е во Минхен, соопшти денес дека 1.700 рбаотни места ќе бидат укинати во Германија во наредните неколку години, додека за околу 1.000 ќе бидат ангажирани надворешни соработници.

Во истиот период, се очекува отворање на 9.000 нови работни места во Германија, а од компанијата најавуваат дека ќе покренат дополнителна обука за оние чии работни места се укинати за да би можеле да прејдат на други работни места, јавува АП.

„Siemens“ наведува дека промените во ИТ секторот вклучуваат создавање на капацитети за нови задачи како што се сајбер безбедноста и проширувањеto на платформата за анализа на податоците“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП