3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтанува сериозно - биткоинот го надмина прагот од 1.800 долари

Станува сериозно – биткоинот го надмина прагот од 1.800 долари

Виртуелната валута биткоин за прв пат го надмина прагот од 1.800 долари.

Овој нов рекорд на биткоинот е достигнат благодарение на позитивните вести од полтиката, но и најавите дека ќе биде легализиран во многу земји.

Така вредноста на оваа валута порасна за повеќе од 100 долари за само два дена. Односно вредеше 1.824 долари во Лондон.

Цената на биткоинот порасна за 81 процент од почетокот на годината.

Сепак, дебатата за иднината на биткоинот продолжува. Додека на пример Јапонија ја легализира берзата на биткоинот, Русија останува еден од најголемите противници на биткоинот.

Во САД се надеваат дека оваа валута ќе добие втора шанса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП